еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вест на денот: Баџанакот на Џафери ќе разгледува дали има корупција при вработувањата на братот и синот на пратеничката Стојчевска

Антикорупциската комисија (Државната комисија за спречување на корупцијата) најави дека ќе ги разгледаат вработувањата на братот и синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска во државата компанија ЕЛЕМ.

Во тоа немаше да има ништо спорно доколку во комисијата не работеше Нури Бјрами, кој стана член на Антикорупциската, иако е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Од Комисијата се повикаа на законот за спречување на конфликт на интереси според кои под поимот блиски лица се смета сватовство до втор степен.

„Согласно тоа што за сватовство до втор степен се сметаат родителите на брачниот другар и брат или сестра на брачниот другар, сметаме дека не станува збор за конфликт на интереси. Со оглед на тоа дека со законот не се опфатени сите состојби, ќе се изврши проверка на законите со цел да се спречат вакви ситуации“, рече претседателката Билјана Ивановска.

За да биде иронијата поголема денеска со жребка Бајрами беше избран за заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аџанак баџанак: Килав старт на Антикорупциската комисија

Мира-дизел и го зема приматот на Република Северна Македонија

„Кучето на Мира Дизел вработено во гранична полиција“: Твитер „експлодира„

ЕЛЕМ потврди дека кај нив е вработен синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за земјоделство вработува 14 лица, плата до 33.028 денари

Редакција

Денеска треба да почне судењето на Васил Јованов за сообраќајката во која ја усмрти Фросина Кулакова

Редакција

Телеком се огради од Дардишта: „Очекуваме реакција од Владата која ја постави како независен член на Одборот на директори“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница