еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Ветерниот парк „Богданци“ во јануари произведe двојно повеќе струја од планот

Ветерниот парк Богданци во јануари годинава произведе речиси двојно повеќе електрична енергија од планираното, односно имаше 95% натфрлање на планот, информираат од ЕСМ.

„Минатиот месец е регистриран како еден од најдобрите периоди од почетокот со работа на Паркот на ветерни електрани Богданци. Според официјалните резултати на АД ЕСМ, за претходниот месец се испорачани 15.968 MWh.

Во 2019 година, овој капацитет за производство од обновливи извори  произведе 101.807 MWh електрична енергија што претставува натфрлање на годишниот план за 6 проценти. Со постигнатиот резултат,  ветерниот парк Богданци учествувал со 2,4% во вкупното производство на АД ЕСМ за минатата година,“ се вели во соопштението на ЕСМ.

Инаку, во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови ветерници. Рокот за пријавување на компаниите заинтересирани да го градат проектот е до 2 март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Речиси 700 јавни објекти низ Македонија се греат на нафта и мазут и го загадуваат воздухот

Редакција

На Денот на планетата Земја нуркачите од „Амфора“ го чистеа дното на Охридското езеро кај Музејот на вода

Редакција

Ветерниот парк „Богданци“ урива рекорди во производството на електрична енергија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница