еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Вевчанскиот карневал ќе се одржи со дел од обичаите и почитување на ковид-протоколите

Традиционалниот Вевчански карневал, кој околу 15 века се одржува на 13 јануари во Вевчани, поради пандемијата со коронавирусот, годинава ќе се одржи под посебни мерки и протоколи со цел заштита од ширење на Ковид-19, но ќе задржи дел од обичаите, преку кои вевчанци со векови наназад „го бркаат злото“.

Заменик-претседателот на василичарското друштво „Долна маала“, Перо Тешиноски вели дека имаат притисок од населението за одржување на традицијата.

„Секојдневно разговараме со василичарите за почитување на мерките и протоколите. За предводниците, односно зетот, невестата, глупавиот август и музичарите можам да гарантирам дека ќе се придржуваат кон препораките за држење дистанца.

Се надевам дека и останатите ќе го испочитуваат ветеното. Имаме голем притисок од жителите да се направи вековниот обичај, со кој се брка лошото,“ изјави Тешиноски.

На синоќешниот состанок, на друштвото било договорено дека нема да се реализираат обичаите од 12 јануари, но ќе се одржи маскенбалот следниот ден под посебни протоколи со маски и држење растојание. За вечерта најавуваат традиционална посета на домовите, но без влегување внатре.

Од василичарското друштво „Горна маала“ велат дека ја следат состојбата и насоките и деновиве ќе излезат со став.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најпознатите изреки на Гоце Делчев: Македонија слави 148 години од неговото раѓање

Редакција

Институт „Крсте Мисирков“: Македонскиот јазик е реалност, а не југозападна писмено-регионална форма на бугарскиот јазик

Редакција

(Фото) Отворена спомен куќа на Гоце Делчев во Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница