еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) 123 функционери на СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра, објави ВМРО-ДПМНЕ

Пет години од власта на Социјалемократски Сојуз на Македонија, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната прес-конференција, пратеникот Бране Петрушевски информираше дека на списокот кој го поседуваат има куќи, станови, викендици и деловни простории кои, како што рече „се скриени од очите на јавноста“.

– На овој список се државни функционери, претседатели на комисии, директори, раководни луѓе на институции. Поголемиот дел од нив директно поставени од владата и функционери во партиите на власт, рече пратеникот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција.

– Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ, но не помалку важно кон криење на своите имоти. Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити, посочи пратеникот.

Петрушевски истакна дека доколку во рок од 24 часа институциите сами не ги објават овие имиња, од утре ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави поединечно.

– Откако ќе ги објавиме ќе побараме и проверка на потеклото на имот, зошто тајниот имот е таен поради одредени причини, а најголемата е дека истиот би можел да е нелегално стекнат, рече Петрушевски.

На новинарските прашања околу деталите за аферата, пратеникот посочи дека одговори на истите ќе има од утре.

МИА/Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Абази се откажа од местото во УО на Академијата за судии и јавни обвинители, оти таму сопругата му е на обука

Редакција

Регистрирани 218 прекршоци за неносење маски

Редакција

Градоначалниците Богоев и Петровска дале изјави во Обвинителство за случајот „Рекет“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница