еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Албанската полиција го упаси повеќекратниот убиец од Ресулај

Албанската полиција по 12-часовна потрага утрово го уапси мажот, кој синоќа во селото Ресулај кај Валона, уби осум и рани шест негови роднини.

Како што јави дописникот на МИА, убиецот бил пронајден сокриен во шумскиот предел на излезот од селото. На местото е пронајдена и автоматската пушка „калашњиков“, со која тој ги изврши убиствата.

Повеќекратниот убиец, 24-годишниот Ридван Зикај синоќа околу 19 часот со автоматска пушка ги братот на дедо му, неговата сопруга, двајцата синови, двете снаи и двајцата внуци.

Настанот е еден од најсмртоносните во последните децении во Албанија, во кој сторител не е прихички расторено лице, туку корисник на дрога. Тоа е повеќекратно убиство најголем број жртви во Албанија по 1990 година.

Истргата се уште нема точна информација за мотивите, но медиумите тврдат дека станува збор за кавга околу имот.

Зикај, е префрлен во Полицискиот комесаријат во Валона, каде ќе биде подложен на тестови за утврдеување на неговата психичка состојба.

Во периодот додека полицијата го бараше, тој на Фејсбук објави неколку пораки, а во една од нив му се потсмеваше на албанскиот премиер Еди Рама, порачувајќи му дека не може да го најде.

МИА/Фото: Фејсбук/видео: News24 Albania

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Одлуката за учество на Самитот во Брисел ќе ја донесам по консултации со Ковачевски и Рама и Владата

Редакција

еМагазин во Солун: Денеска 262 протести во Грција и 120 низ целиот свет за двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи

Редакција

„Катимерини“: Мицотакис му кажал на Заев дека никогаш немал да го потпише Договорот од Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница