еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) All Stars спот на „Паскалин“: Најдобрите го избираат најдоброто

Врвните актерски имиња Никола Ристановски и Јелена Јованова, топ-моделот Катарина Ивановска, Дрита Ислами – атлетичарка, олимпијка и национална рекордерка, како и нашите извонредни музичари Каролина Гочева и Влатко Лозановски се собраа на едно место во новиот ѕвезден ТВ-спот на најдоброто кафе на македонскиот пазар – „Паскалин“.

Истрајност, храброст и неуморност се особините што ги поврзуваат овие шест докажани имиња, кои долги години опстојуваат на врвот, секој во својата област. Токму таков е и „Паскалин“, бренд препознатлив меѓу љубителите на кафе по својот квалитет, вкус и стил, велат од компанијата.

– Некои луѓе едноставно не прават компромиси, храбро и неуморно грабат кон врвот, веруваат во себе, ги совладуваат препреките, ги надминуваат стравовите и никогаш не запираат. Токму такви се нашите нови бренд-амбасадори, кои се одбрани неслучајно.

Тоа се вредностите кои се вткаени во секое пакување „Паскалин“, направено од најдобрите арапски зрна кафе, преработени со врвна италијанска технологија за производство, велат од „Паскалин“ и додаваат дека благодарение на контролата на квалитетот и соодветната амбалажа, омиленото кафе на познатите ја задржува својата арома подолго време. Врвно. Без компромиси.

Спотот се снимаше цели четири дена, на седум локации, меѓу кои и скопскиот акведукт и салата на македонската Филхармонија. Реализиран е во продукција на агенцијата „Бец Шолц енд Френдс“, а на него работеше екипа од над 20 врвни професионалци.

Овој спот е само почеток на соработката меѓу „Паскалин“ и шесте македонски ѕвезди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Како да се пријавите за субвенции до 18.000 денари за вградување на плин во возилата

Редакција

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во јули

Редакција

За тие што ќе летуваат во Црна Гора, на сила се две ковид-мерки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница