еМагазин
Свет

(ВИДЕО) Бил Клинтон задрема за време на инаугурацијата на Бајден

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, во периодот од 1993 до 2001 година, задрема за време на вчерашната инаугурација на 46. претседател на САД, Џо Бајден, пишува „Њујорк пост“.

Во кратко видео, кое се прошири низ социјалните мрежи, се гледа како Бил Клинтон не може да ги задржи очите отворени, а неговата глава постепено се наведнува надолу кон градите, додека трае инаугурацијата во Вашингтон.

Клинтон на церемонијата седеше до својата сопруга Хилари, меѓу останатите поканети официјални лица.

МИА/Видео: Твитер/фото: Фејсбук/Клинтон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново откритие за Ковид-19: Не сме се заразиле од лилјаци, туку нивните антитела го неутрализираат вирусот 

Редакција

Џорџ Сорос и други милијардери бараат данок на богатство во САД

Редакција

Почина патник од Австралија заразен од корона вирус на јапонскиот крузер, прв смртен случај и во Тајланд, прв заразен во Ирска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница