Хероите како Гоце Делчев нѐ разделуваат, наместо да не обединуваат, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов од Пловдив споредувајќи го Делчев со Че Гевара, пренесува БТВ.
„Нашиот херој Гоце Делчев стана повод за коментари во сите насоки. Тој е херој кој вложил сѐ за слободата на Македонија.
На истиот начин Че Гевара, Аргентинец, се борел за Куба, а загинал во трета држава. Наместо да нѐ обединуваат, овие херои стануваат јаболко на раздорот”, изјави Борисов.
Тој ги повика балканските држави на повеќе разум и взаемна економска соработка, а не на продолжување на конфликтите.
Борисов се надева дека заедничката експертска бугарско-македонска комисија во најкус можен рок ќе ги донесе потребните заклучоци за да може Бугарија да ја поддржи Северна Македонија за членство во ЕУ.
„Имаме ретка шанса, на оваа земја наречена Балкан, натопена со крв како никое друго место, да создадеме прекрасна бизнис клима”, изјави Борисов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Какви биле размислувањата на Гоце Делчев за Бугарија?
(Видео) Внуката на Гоце Делчев порачува дека тој би се превртел во гробот
Фото/Видео: Фејсбук/Борисов