еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Димитров на провокацијата на бугарскиот новинар: Вие зборувате бугарски, јас македонски јазик

Во интервју за бугарската телевизија BTV, министерот за надворешни работи Никола Димитров беше испровоциран од страна на новинарот во врска со јазикот.

На констатацијата и прашањето на бугарскиот новинар дека „јазиците ни се блиски, но Димитров не одговорил на каков јазик тие зборуваат во студиото“, Димитров му одговори: „епа Вие зборувате на бугарски, јас говорам на македонски јазик“.

Говорејќи за добрососедските односи помеѓу двете држави Димитров вели дека процесот бара самодоверба.

„Кога ќе се свртиме назад треба да бидеме објективни и со самодоверба да гледаме кон историјата, вклучувајќи ја и општата или заедничката историја. И исто така треба да донесе и до прифаќање на реалноста кои сме ние денес, дека сме блиски.

За да биде одржлив овој однос и ова пријателство да биде вечно, нашата задача како политичари е да направиме да не може да се добиваат политички поени критикувајќи го другиот или напаѓајќи го другиот. Оти јас не можам да станам со Вас пријател ако Ви се заканувам или ве напаѓам,“ вели Димитров меѓудругото во интервјуто.

Фото: Влада/Видео:Фејсбук/Димитров/БТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Повеќе оздравени од новозаболени од Ковид-19, вкупно 460

Редакција

Поплава во СЈО уништи и оштети докази за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

Редакција

Мерките во Дебар дадоа резултати: Шести ден без новозаразени од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница