еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Драган Спасов – Дац му подари метла, Заев вети чистка во Владата

Актерот Драган Спасов – Дац на вчерашната трибина во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев бидејќи, како што рече, е првиот кој си поднел оставка од морални причини.

„Имам и морална одговорност да ја предадам оваа метла за чистката што треба да се направи. Ова ништо не е договорено, од Рептил е, има и лопатче каде може да се собере доста ѓубре. Јас отсекогаш сум го сакал СДСМ и сум гласал за оваа партија, сум се гордеел со оваа партија. Сигурен сум дека мојот иден претседател е Стево Пендаровски”, рече Дац.

Заев одговори дека пораката ја примил.

„Чистка ќе има на сите функционери кои немаат капацитет да му служат на народот. На граѓанинот мора да му се јавите, да му одговорите, да му дадете совет и да му помогнете. Ако не можете денес, ќе кажете кога можете да му ја завршите работа. Пораката е примена, но немојте да ја казнувате државата поради слабости на централната и на локалната власт“, кажа Заев.

Трибина во Карпош со Стево Пендаровски

Заедничка трибина со идниот Претседател на Републиката, Stevo Pendarovski и потпретседателката на СДСМ, Radmila Sekerinska Да се обединиме и на 5 мај да ја зацврстиме победата!Нема веќе застанувања – ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД!

Posted by Zoran Zaev on Понеделник, 22 април 2019

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„На Заев му дадоа метла, штета што не знае да лета„: Твитер реакции за најавената „чистка“ на премиерот

По розата од Цацко и метлата од Дац: „Дигитрон“ следен подарок за Заев?

Фото/Видео:Фејсбук/Стево Пендаровски/Зоран Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 3 февруари пресуда за „Еразмус“

Редакција

СДСМ го менува Извршниот, кој се е во Централниот одбор?

Редакција

Oбвинителите на СЈО се враќаат во матичните обвинителства

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница