еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Државен удар во Мјанмар, војската ја презеде власта

Војската во Мјанмар денеска изврши државен удар против Владата на Анг Сан Су Чи, која е уапсена, на денот кога пратениците требаа да се вратат во Парламентот, првпат по изборите кои се одржаа во ноември минатата година, а кои војската ги смета за нерегуларни.

Војската прогласи вонредна состојба и соопшти дека апсењето на мјанмарската лидерка и други високи официјални претставници претставува одговор на изборната измама.

Во видео обраќање кое е објавено на телевизијата, која е под контрола на војската, е истакнато дека власта му е предадена на главниот командант на оружените сили, генерал Мин Анг Хлаингу.

Рано изутринава војската ја упаси Анг Сан Су Чи, како и претседателот Вин Минта, потврди портпарол на Националната лига за демократија, партијата која победи на изборите, но тензиите се зголемија минатата недела.

Националната лига за демократија на многу популарната Анг Сан Су Чи, која веќе беше на власт, освои 83 отсто од 476 места во Парламентот, но војската тврди дека открила 10 милиони случаи на измами и побара од изборната комисија да ги објави изборните листи поради проверка.

Моментно не е познато како ќе се развива ситуацијата, а политичката криза не е единствениот проблем со кој се соочува Мјанмар. Во земјата се потврдени над 140.000 случаи на коронавирусот, а доколку се организираат големи протести, веројатно вирусот ќе се прошири уште повеќе и дополнително ќе го оптовари здравствениот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерката Аунг Сан Су Чи го повика народот да не го прифаќа воениот удар, војската најави нови избори

МИА/Видео/фото: Al Jazeera English

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Ни од Бугарија, ни од Грција, ни од ЕУ, првите вакцини во Македонија дојдоа од Србија

Редакција

Вкупно 1.225 заразени од корона вирусот: Потврдени 18 нови случаи, половина од нив во Куманово

Редакција

Вучиќ: Бараме начин како дополнително да им помогнеме на Македонија и Црна Гора во вакцинирањето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница