еМагазин
Техно

(ВИДЕО) Ќе се доближи на најмало растојание до Сонцето досега: НАСА ја лансираше соларната сонда „Паркер“

По неколку одлагања, американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) вчера од центарот Кејп Канаверал ја лансираше соларната сонда „Паркер“.

„Паркер“ треба да се доближи на најмало растојание до Сонцето досега, прелетувајќи низ надворешната сончева атмосфера, која беше видлива за време на целосното затемнување на Сонцето во август минатата година.

Предвидено е сондата да се доближи на шест милиони километри до сончевата површина, со што ќе им овозможи на научниците да соберат нови податоци за Сонцето.

По лансирањето на сондата научничката од институтот „Џонс Хопкинс“, Никола Фокс на Твитер објави: „Летај девојо, летај“, порачувајќи дека таа „оди да го допре Сонцето“.

По неколку одлагања поради проблеми со ракетата, НАСА првично го закажа лансирањето на „Паркер“ за во саботата, но тоа беше откажано на 55 секунди пред планираното полетување поради технички причини.

Мисијата на сондата „Паркер“ ќе чини 1,5 милиони долари.

МИА/Видео: НАСА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проработеа Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и ВатсАп, причината „внатрешна грешка“ или саботажа

Редакција

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

Редакција

Електронското пријавување на сезонските работници може да биде пример и за Македонија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница