еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Ќе се вакцинира и Меркел: Со вакцината на “АстраЗенека“ се вакцинираа британскиот, францускиот и словенскиот премиер

Откако Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека вакцината против Ковид-19 на “АстраЗенека“ е безбедна со неа се вакцинираа неколку европски политичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: Вакцината на “АстраЗенека“ има голем потенцијал за спречување инфекции

ЕМА: Вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна, но не се исклучува целосна поврзаност со тромбозите

Меѓу нив се и британскиот премиер Борис Џонсон, францускиот Жан Кастекс, словенскиот Јанез Јанша, претседателот на Словенија, Борут Пахор…, а најава дека со ќе се вакцинира со оваа вакцина стигна и од германската канцеларка Ангела Меркел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто фама околу вакцините „АстраЗенека“: Дали се во прашање и бизнис интереси?

„Да, би ја примила вакцината на Астра Зенека. Би сакала да причекам да ми дојде редот, но апсолутно би ја примила“, изјави Меркел.

Неколку европски земји претходно привремено ја суспендираа употребата на оваа вакцина откако беа пријавени случаи со сериозни несакани ефекти, но по објавата на ЕМА продолжија со вакцинација.

Фото: Џонсон/Фејсбук/Пахор/Фејсбук/видео: Global News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љупчо Николовски:  Како “бунтовникот со причина“ стана министер

Петре Димитров

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ маршираше во Охрид, Мицкоски порача дека договорот со Грција е “диво месо“

Редакција

Oколу 1.000 лица дневно ќе може да се фотографираат за документи во новоотворениот пункт во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница