еМагазин
Свет

(Видео) Едно лице загина, десетици повредени во силен тајфун во Јапонија

Едно лице загина, а десетици се повредени кога моќен тајфун утрово го погоди Токио, поради што повеќе од 100 летови беа откажани, а милиони домаќинства останаа без струја. Локалните власти соопштија дека најмалку 30 лица се повредени во префектурите Чиба, Канагава и Шизуока.

Тајфунот Факсаји, кој утрово го погоди крајбрежниот град Чиба, донесе со себе поројни дождови и ветер со јачина од 190 километри на час, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Невремето потоа се пресели над Токио и го „парализираше сообраќајот“, пренесува Си-Ен-Ен.

Неколку железнички и метро служби ги прекинаа нивните услуги, а летовите откажани додека тајфунот минуваше преку Чиба, северно предградие на јапонската престолнина.

Владиниот портпарол Јошихида Суга изјави дека добил информација дека едно лице загинало и дека дрвјата и предметите што ги носи ветрот предизвикале голема материјална штета. Тој додаде дека се пријавени околу 900.000 случаи на прекини на електрична енергија.

МИА/Фото/видео:ETV Andhra Pradesh

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Стравичен почеток на 2020 година: Иран за одмазда бомбардира американски бази, убиени 80 лица, тврдат иранските медиуми

Редакција

Сингапур ќе биде една од првите земји во светот што ќе воведе автоматизирана гранична контрола без пасоши

Редакција

11-годишна атлетичарка од Филипини немала за патики, па ставила фластери на нозете на кое го нацртала логото на „најк“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница