еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Ердоган пристигна во Србија: Српската традиција и протестот на таксистите главен декор за пречек

Со највисоки почести зачинети со српските традиционални носии беше пречекан денеска во Белград турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој престојува во дводневна посета на Србија.

Тој и неговиот домаќин српскиот претседател Александар Вучиќ ги оценија односите меѓу двете земји на историски највисоко ниво.

Ердоган соопшти дека Турција и натаму ќе биде фактор на стабилност на Балканот.

„Ние ја поддржуваме евроатлантската насока на регионот“ изјави Ердоган.

Вучиќ му се заблагодари на Ердоган за пораката дека секое решение што го постигнале Албанците и Србите за косовското прашање ќе биде прифатливо за Турција.

Речиси истовремено со пристигнувањето на турскиот претседател во Белград беше најавен протест на таксистите, кои бараат подобар третман од градските власти, што предизвика главоболки за белграѓани поради блокираниот сообраќај.

Фото/Видео: Sandjak press/Youtube/RTS/Prva

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крушево очекува 3.000 гости за Велигденските празници

Редакција

2 лица имале претходни заболувања, детали за новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

Каков имот пријавил Шабан Алајбегу, новиот директор на Државен просветен инспекторат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница