еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Актерите Тино и Атанас како Заев и Мицкоски во „Еден на Еден“

Актерите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски ќе му бидат гости на Жаре во новата „Еден на Еден“, во недела, на Канал 5 телевизија од 18.30.

„Нѐ препознаваат, сѐ повеќе од театар, веќе не само од Златна Бубамара. Еднаш, во диско еден од обезбедувањето се фалел: Еј, знаеш кого видов сношти, оние Тони и Део“, раскажаа глумците во свој стил.

Дел од шоуто што не смеете да го пропуштите ќе биде и надсинхронизацијата на Атанас и Тино, тие ќе бидат во улогите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Плус, Жаре им смисли и интересна игра, асоцијации со полна уста. Оригинална приказна за целата македонска естрада и уште неколку познати личности ќе раскаже Тино во рапот „Доуп естрада“.

Дел од новата „Еден на Еден“ ќе биде и босанскиот пејач Божо Вреќо, а ќе слушнеме и една хумана приказна од Борче Стаменов од Кавадарци кој поправа стари компјутери и ги донира на млади кои не можат да си дозволат да ги купат. Пред емисијата во недела, погледнете ја надсинхронизацијата на Тино и Атанас:

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вклучете се во акцијата за бесплатно сместување и активности за социјално загрозени деца, деца со посебни потреби и деца на самохрани родители

Имало предлог и да се вика „лав“: Како денарот, кој го слави својот 27.роденден, го добил името

Редакција

На што ќе се трошат парите на граѓаните: Општина Тетово за 2023 со буџет од 29 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница