Поранешната пејачка Марија Каева, неодамна на нејзиниот фејсбук-профил ја постираше песната „Фројд е жив“, која пред 18 години ја снимија со музичарот Александар Ристовски-Принц и потсети дека бебето Дарио, денес би бил полнолетен дечко.
Мајка му на Дарио информираше дека тој е сега 18 години, завршил нижо музичко училиште, свирел виолина, ама во душа му била рок-музикара.
„На спотот има 2,5 месеци и се сеќавам дека супер помина снимањето. Има прекрасен глас, ама за жал не продолжи средно музичко образование. Ви благодарам многу Принц и Марија за укажаната шанса и за преубавиот спомен „Фројд е жив““, напиша мајка му на Дарио во коментар.
Во продолжение да се потсетиме на оваа песна, која беше голем хит.
фото: Фејсбук-профил на Марија Каева