еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Девет дена не излегов од соба на одмор: Игор Џамбазов во „Еден на Еден“

Игор Џамбазов се враќа во новогодишната „Еден на Еден“ со Жаре, во недела, од 18.30 на Канал 5. Омилениот актер и шоумен искрено раскажа како му поминала цела година, работно и приватно.

Џамбазов периодов поретко оди во Стојаково и во Слепче, но затоа Дојран е неговата нова база.

„Јас сум дојранчанец со привремена работа во Скопје“, му рече Игор на Жаре. Дојран му е омилен, но Џамбаз е еден од ретките кој речиси никогаш не оди на одмор во Грција.

„Пред многу години во „Супер Бинго“, едно семејство доби награда – летување со Игор Џамбазов во Грција. Се избањав првиот ден со нив, се сликав, потоа од соба не излегов девет дена“, е само една од приказните на Џамбазов.

Во дел од нив му асистираше и неговиот стар другар Гуру Харе. Игор и Гуру Харе бендот се добро позната музичка екипа, па ни оваа „Еден на Еден“ нема да помине без нивните песни.

Малку повеќе од она што нѐ очeкува во недела, погледнете во најавата:

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Каков имот има Џеф Безос, најбогатиот човек во светот: Авион, апартмани, скапи возила…

Редакција

450 цивили од Авганистан доаѓаат во Македонија до крајот на неделава

Редакција

Ќе се основа Агенција за национална безбедност, УБК заминува во историјата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница