еМагазин
Балкан

(Видео+Фото) Кога на Копаоник се скија по костим за капење

Топло време деновиве го зафати Балканот и температурите се над просек за овој период од годината.

Печењето на сонцето најмногу може да се почувствува на планините каде што температурата се загрева и со отсјајот од снегот. Но освен негативната страна односно топење на снегот, на ова време може да се скија и по костими за капење.

На Инстаграм-профилот на скијалиштето Копаоник во Србија, „Инфокоп“ беше споделена фотографија од Урош Миладиновиќ кој скија по купачи.

Урош на неговиот Инстаграм-профил си објавил и видео на кое како вистински хедонист ужива во скијањето и снегот.

Ние би додале, блазе нему, времето навистина е за по костим за капење, па уште во комбинација со снег, инспирира на уживање.

Фото/видео: Инстаграм/Инфокоп/Рури001

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) По тепачка потона сплав во Белград, гости пливаа до брегот на Сава

Редакција

Романската колешка на Катица Јанева, Ковеси, обвинета за корупција

Редакција

Србија урива рекорди со заразени и со вакцинирани од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница