еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) По подолга пауза, Кристина Арнаудова ја објави песната “Засекогаш“

По подолга музичка пауза, денеска во етерот е пуштен новиот сингл на Кристина Арнаудова, “Засекогаш“.

Музика и текст се на Весна Малинова, а аранжманот и продукцијата на Роберт Билбилов.

Во исто време денеска е пуштен во етер и видео записот за песната, во режија и продукција на Александар Ристовски Принц.

Од пред 10 дена исто така, целиот снимен материјал и сите албуми, на Кристина можат да се најдат, слушаат и стримуваат на сите музички дигитални платформи, а за таа намена, таа потпиша договор со Virginia Records, како нејзини издавачи за дигитални платформи.

Во промотивни цели, исто така е изработена и фотосесија, со фотографот Стефан Соколовски, која можете да ја најдете целосно на нејзиниот Инстаграм профил.

Со оглед на тоа што Фејсбук страницата и е хакирана минатата година и не е во нејзино владение, промотивните активности ги објавува само на Инстаграм профилот, со надеж дека наскоро сепак ќе успее да и биде вратен.

Како и до сега, примарна работа за Кристина, останува нејзиното хуманитарно здружение “Проект Среќа“, каде последниве седум години го посветува најголемиот дел од своето време и енергија.

Фото/видео: Промо/Стефан Соколовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нераспределени 128 активни случаи на Ковид-19 во Скопје: Во кои општини има најмногу

Редакција

Глигор Бишев оди во пензија, Санел Кустурица нов претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка

Редакција

Куманово и Дебар со ист број заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по градови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница