еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Фрчкоски: Бранко Црвенковски никогаш не се бавел со прашањето за спорот со името

Професорот Љубомир Фрчкоски во Click Plus на ТВ 21 го коментираше ставот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, кој во изјава за медиумите рече дека го поддржува референдумот и на 30. септември ќе гласа „ЗА“.

„Добро е што Бранко Црвенковски го поддржал референдумот и се изјасни дека ќе гласа „ЗА“. Мене не ми се допаѓа тонот на пораката која во себе содржи ароганција и дистанца кон оваа политичка елита од неговата партија, бидејќи таа тоа не го заслужува. Бранко Црвенковски во основа никогаш не се бавел со прашањето на спорот за името. Единствено се занимавал со ова прашање на самитот во Букурешт, кога заедно со Груевски се согласија за „Република Македонија (Скопје)“, но тоа не помина“, рече Фрчковски во Click Plus на ТВ 21.

Видео/фото: ТВ 21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија во Брисел ќе понуди „француски предлог плус“

Редакција

Радев на Мишел му ги повторил бугарските услови за кревање на ветото за Македонија

Редакција

Убава вест: 709 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница