еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Г.г. Стефан повика на сенароден собир против законот за родова еднаквост и матична евиденција

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

– Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата.

Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА, кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Фото: МИА/Видео: МПЦ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мојот сопруг поднесе оставка поради хајката против него: Најчевска за повлечениот амбасадор Тодоровски од Прага

Редакција

Нови 293 случаи со Ковид-19, оздравени 102 лица, нема починати

Редакција

Го прекрши ли Џафери Деловникот со одложувањето на гласањето за уставните измени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница