еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Грција го доби првиот ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција

Дами и господа добра вечер! Ви благодариме за присуството во Студио 4 на ЕРТ, се обрати „новиот“ презентер на грчката државна телевизија, но всушност не станува за нов новинар, туку за Ермис- првиот грчки виртуелен презентер создаден со вештачка интелигенција, јави дописничката на МИА од Атина.

Ермис во неговата четири минутна премиера на телевизија, ја презентираше програмата на информативниот канал ERT news на државната телевизија, но и ја најави дебатата меѓу политичките лидер закажана за следната среда, токму на ЕРТ.

Рече дека требаше најавата да ја направи новинарот кој ќе биде модератор на дебатата.

-Но, поради обемот на работа ме мобилизираа мене. Вистината е дека сè што барав да имам една пилот емисија. Но, се чини дека им дадов идеи. Велат, секогаш сакаат да ги следат последните трендови на технологијата, објасни првиот грчки виртуелен ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција

Дополнително, откако соопшти одредени информации за информативниот канал на ЕРТ истакна дека не сака да ја оспори способноста на вработените во телевизијата, но и се извини за евентуалните грешки.

-Ви благодарам за вниманието и ве молам да покажете разбирање за евентуални грешки. Вашите поплаки, Ве молам упатете ги до мојот програмер. Пријатно попладне, рече Ермис.

МИА/Фото/видео: ЕРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косовскиот претседател Тачи поднесе оставка откако му се потврди обвинението за воени злосторства

Редакција

Да и помогнеме на 24-годишната Андреа да застане на нозе

Редакција

Убава вест: Оздравени 543 болни од Ковид-19

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница