еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Хаос на улица во Струмица: Не се знае кој кого мава во масовна тепачка

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види масовна тепачка на улиците пред влезот во Основниот суд во Струмица.

Настанот го потврдија од струмичката полиција. Оттаму информираат дека веднаш интервенирале полициски службеници и било спречено натамошно нарушување на јавниот ред и мир.

Додаваат дека полицијата работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Пресметката ја потврдија и од Основниот суд во Струмица.

Според портпаролката на судот, Мариета Дуќиќ, инволвираните во тепачката претходно биле на судење, а инцидентот се случил надвор од судската зграда, на тротарот пред влезот.

МИА/Видео/Фото: Твитер/Ристо разбираш/Викимедиа комонс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ја отвара границата за македонските граѓани со негативен ПЦР-тест

Редакција

Евакуирани пет училишта во Скопје по добиени закани за поставени бомби

Редакција

Мнозинскиот сопственик Ристо Милев со понуда за преземање на 28.438 акции на ГД Тиквеш

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница