еМагазин
Image default
Забава

(Видео) „Има љубов во нас“, прв сингл од новиот албум на Дани Димитровска

„Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. Секој сам може да им стави крај на војните во себе, да биде лек за овој свет и секогаш свесен дека има љубов во нас. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов!“, вели Дани Димитровска за својот најнов сингл „Има љубов во нас“ кој го промовираше во АудиоКултура.

Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов.

Музичкиот спот за „Има љубов во нас” е достапен на Јутјуб, а аудио записот заедно со англиската верзија се поставени на сите музички платформи.

Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Бучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital.

„„Има љубов во нас” е повик и потсетување. Вистината која сјае во сите детски очи, која, како растеме, ја потрупуваме со стравови и ставови… интелектуални анализи и прагматични одговори… Љубовта е свеста и единствената причина што постоиме. Кога се губиме, насока да се пронајдеме. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов“, вели Малинова за песната.

Дани е рок амбасадор на нашата земја веќе 25 години и зад себе има три албуми, бројни награди и признанија, успешни настапи и концерти. Со новиот албум најавува една нова ера во својата кариера, а нејзиниот глас и порака ќе бидат слушнати и надвор од нашите граници.

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Прекрасна изведба на легендарната „Чукни во дрво“ од „реномирано друштво“ предводено од Влатко Стефановски

Редакција

(Фото) Вчеравечер City Radio испрати позитивна енергија од Зелената градина на кровот од ГТЦ заедно со петте диџеи

Редакција

Во среда Ве чекаме на филмска вечер пред Рамстор Мол

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница