еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Инспекциите му станаа специјалност: Османи врши мониторинг на проектите финансирани од ИПА-фондовите

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, објави видео на неговиот Фејсбук профил во кое вели дека врши проверка на имплементацијата на проектите кои се спроведуваат со средства од ИПА-програмата.

Во видето е прикажано како спроведува мониторинг на новоизградениот царински терминал на граничниот премин Северна Македонија – Албанија.

Османи во видеото вели дека околу 1,2 милијарди евра даночните обврзници на Европската Унија ги даваат како неповратни средства за Северна Македонија од 2007 до 2020 година за конкретни проекти што ќе ги изградат институциите, но и ќе го трансформираат општеството во европско општество.

– Како национален координатор за овие средства од ЕУ, мојата улога е да ги програмирам, да ги мониторирам и да ги надгледувам проектите кои се имплементирани преку овие средства. Денеска сум во Струга, Ќафасан, за да мониторирам и да извршам надзор на еден значаен проект на изградба на царински терминал на граничниот премин Северна Македонија – Албанија изграден токму со овие средства, со околу еден милион евра од ИПА-средствата создаваме услови за еден современ стоп шоп меѓу Северна Македонија и Албанија, вели Османи.

Видео: Фејсбук/Османи/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По апсењето на Сарамаков, бил извршен претрес кај повеќе полициски службеници и се најдени докази за него, откри Тошковски

Редакција

И Стевчо Јакимовски собра 10.000 потписи за кандидатурата за претседател на Македонија

Редакција

Заев не знае дали Рашковски е надвор од земјава, ќе провери, па ќе каже

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница