еМагазин
Техно ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Испиша историја: „Летечкиот човек“ Френки Запата го прелета Ламанш

Французинот Френки Запата (40), познат и како „летечкиот човек“ денеска за првпат во историјата го прелета каналот Ламанш помеѓу Франција и Велика Британија, на својот изум „флајборд“, пренесуваат светските агенции.

Запата тргна од плажата Сангате во Франција, по пат успешно наполни керозин и подоцна пристигна на јужниот брег во Велика Британија.

За патувањето од 35,4 километри му беа потребни 22 минути, а преку морето леташе на висина од 15 до 20 метри.

Ова е вториот негов обид да го прелета каналот, по неуспешниот на 25. јули.

Видео: France 3 Hauts-de-France/фото: nytimespost.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Порше лизинг“ го доби тендерот на Здравствен дом-Скопје за набавка на 13 возила вреден 224.000 евра

Редакција

Македонија гласала воздржано за резолуцијата за прекин на огнот во Газа, оти не бил спомнат терористичкиот напад на Хамас

Редакција

Детален преглед: Целосно отсечени села и непроодни патишта поради снежните врнежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница