еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Кај Трескавец спасени две туристки од Полска, кои паднале во процеп на стрмна карпа

Две девојки, туристки од Полска, вчера се спасени од процеп во карпи кај манастирот Трескавец, во чија посета биле.

Девојките не се сериозно повредени и се здобиле со гребнатинки.

Девојките вчера околу 16 часот побарале помош, бидејќи при движење од манастирот на удолнина кон градот, паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опасност да се повредат. Едната девојка се држела за карпата.

Тие биле дел од поголема група туристи и заостанале од групата која се враќала од посетата на македонскиот познат манастирски комплекс.

Како што информира Центарот за упрваување со кризи (ЦУК), успешната спасувачка акција, конкретно и брзо ја реализирал Дарко Недановски со колегата Иван Атанасовски, членови – доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп.

На терен излегла екипа и од прилепската противпожарна единица со четворица пожарникари и едно теренско возило. За настанот биле известени Дирекцијата за заштита и спасување, МВР и ЦУК-Битола.

Според информациите од Неданоски, девојките биле извлечени во 17,15 часот и потврдено е дека се во добра здравствена состојба.

Фото/видео: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Неотел“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на телекомуникациски услуги вреден 200.000 евра

Редакција

Каков имот пријавил Зоран Димитриевски, еден од судиите кој ја пушти Јанева во куќен притвор

Редакција

Одложено првото рочиште против докторите кои и извадија три органи на родилка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница