еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

(Видео) Како изгледаше прославата во Скопје, кога Македонија беше прогласена за самостојна, суверена и независна држава

Македонија денеска одбележува 31 годинa од успешно спроведениот референдум во 1991 година, на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

На референдумот над 95 отсто од граѓаните што излегоа да гласаат позитивно одговорија на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Претходно, на 25 јануари 1991 година првиот повеќепартиски македонски Парламент, усвои Декларација за независност. Волјата на народот за самостојна држава формално беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Десет години подоцна, Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Државноста прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Монетарно, државата се осамостои со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена како 181 полноправна членка на Светската организација.

Македонија денес е членка на НАТО.

Видео: Youtube/Bordau

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЗШВ: Земјоделците да аплицираат за земјоделско земјиште до 21 јули, во услови на криза не оставаме ни педа необработена земја

Редакција

Заканите на Мицотакис не се во духот на развивањето пријателски односи, вели Сиљановска Давкова

Редакција

(ВИДЕО) По 32 години нова железничка пруга кон Грција: Битола-Кременица готова до крајот на годината

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница