Македонија денеска слави 29 години од прогласување на независноста.
Самостојноста на Македонија беше потврдена на референдумот во 1991 година, кога над 95 отсто од граѓаните се изјаснија позитивно на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
Волјата на народот за самостојна држава формално беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија, а Уставот беше донесе на 17 ноември 1991 година.
Фото: МИА/Видео: You tube/bordaux