еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Како “клетите фашисти“ станаа “душмани клети„

И прославата на еден од најголемите македонски национални празници – 11 Октомври, како и таа на Илинден, летово, не помина без скандал, кој е поврзан со изведба на македонски национални песни.

Овој пат лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика изведбата на песната „А бре, Македонче“, изведена на државната прослава на 11 Октомври во Куманово.

Наместо препознатливиот стих: „нека разберат клетите фашисти македонско име нема да загине“, хорот на Националната опера и балет (НОБ) испеа: „нека разберат душманите клети македонско име нема да загине“.

По реакциите во јавноста од Владата и НОБ информираа дека не станува збор за цензура или измена на песната, туку дека е користена друга верзија на песната, направена во доцните седумдесети години на минатиот век.

Станува збор за аранжман на Драган Шуплевски.

Песната има неколку верзии, но легитимното прашање е зошто е користена верзијата без „клетите фашисти“, што најмногу би одговарала за ден кога македонскиот народ се кренал против фашистите.

На прославата на 2 Август во Крушево, хорот на НОБ пак изостави цела строфа при изведбата на револуционерната македонска песна „Во борба, во борба”, во која се спомнуваат Гоце Делчев и фашистите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како 16 партизани од одредот „Гоце Делчев“ го почна народното востание против фашизмот: Македонија го слави 11 Октомври

(Видео+фото) Песната “Во борба, во борба“ во Крушево изведена без строфата за Гоце Делчев и фашистите

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25-годишна девојка од Скопје пронајдена мртва во апартман во Стар Дојран

Редакција

Заев за една од „бомбите“: Александар Верушевски ме снимал на ручек кај мене во Струмица

Редакција

Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница