еМагазин
Свет

(Видео) Кина го отвори најдолгиот мост во светот: Ново светско чудо од 55 километри

Кинескиот претседател Кси Џинпинг официјално го отвори најдолгиот мост во светот, колосален проект што ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина.

Мостот е долг 55 километри, а трошоците за негова изградба беа околу 20 милијарди долари. Дел од таа сообраќајница оди низ тунел под морето, со што и на бродови им се овозможува непречено минување низ делтата на Бисерната река, срце на кинескиот производствен сектор.

Со отворањето на тој мост, што има големо економско и политичко значење, времето на патување преку делтата на Бисерната река од неколку часа се сведува на само 30 минути. Тој мост претставува и физичка врска со Хонг Конг, финансиски центар на Азија над кој Кина од Британија презеде контрола во 1997 година.

МИА/Видео:Daily mail/фото: Reuters

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Франција во вистинско светло: Десетина полицајци брутално тепаат еден демонстрант

Редакција

(ВИДЕО) Како на филм: Колона за маски за заштита од корона вирусот во Јужна Кореја

Редакција

Русија е при крај со инсулин и други важни медицински материјали произведени во странство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница