еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Кој е Васил Гарванлиев, преставникот Македонија на годинешната Евровизија

Струмичанецот Васил Гарванлиев е преставникот на Македонија за овогодинешново издание на Евровизија, кое ќе се одржи во Ротердам, Холандија, одлучи МРТВ.

Песната допрва ќе се избира.

Гарванлиев на македонската јавност најмногу и е познат по песната „Марионка“, која ја изведе пред неколку години на фестивалот “Златно славејче“.

Оваа нема да му биде прво појавување на Евровизија. Минатата година беше дел од тимот кој ја преставуваше Македонија на Евровизија во Израел. Ги пееше придружните вокали на Тамара.

Неколку години помина во САД, Италија и Канада, а пред извесно време се врати во Македонија и објави неколку песни, меѓу кои се и „Ѓердан“ и „Патувам“.

Неодамна ја промовираше и песната „Моја улица“.

Фото: Фејсбук/Гарванлиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер во „црвено“ за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарската академија на науките

Редакција

„Travel The World“ на Владимир Четкар во над 3 илјади „Мекдоналдс“ ресторани во Јапонија

Редакција

МВР постапува и по друга слична група на „Јавна соба“ што исто така е на Телеграм

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница