еМагазин
Свет

Видео кое го потресе светот: Дете сака да умре поради булинг на училиште

Деветгодишниот Куаден, кој има генетско нарушување и има џуџест раст, е жртва на булинг од страна на учениците во неговиот клас.

Ситуацијата до толку ескалирала, што детето сакало да умре, само да не ги трпи навредите од неговите соученции. Неговата мајка го сподели видеото на „јутјуб“ со цел да обрне внимание на родителите, образовните институции, како изгледа реакција на дете кое го трпи тој притисок.

„Носи ме оттука веднаш. Можам да се прободам сам во срцето. Дури и тебе воопшто не ти е грижа. Ништо не правиш. Сакам да умрам сега. Сакам да ја удрам главата во стакло. Сакам некој да ме убие и да ме прободи,“ вели Куаден низ плачење.

Мајката вели дека вакво е влијанието на булингот врз деветгодишно дете кое единствено сака да оди на училиште, да се едуцира, да се забавува, но секој ден нешто се случува, друга епизода, друг булинг, друго навредување.

Таа сака луѓето да знаат колку нив како семејство го боли, ова што им се случува на синот.

„Сакам луѓето да ги едуцираат своите деца. Повеќе не можеме, се обидуваме да бидеме силни и позитивни колку што е можно, но ова покажува како булингот влијае врз деветгодишно дете. Јас морам постојано да го држам под око поради обидите за самоубиство. Ова им го прави булингот на луѓето,“ апелира мајката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поплавите во Германија досега однесоа 133 животи

Редакција

Нов биланс: Од коронавирусот во светот починаа 3.304, заразени се 96.274, а излекувани 53.900 лица

Редакција

Меркел негативна на коронавирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница