еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Ковачевски се сретна со Зеленски: Македонија e на вистинската страна на историјата и продолжува со поддршката за Украина

Македонија ја осуди бруталната воена агресија што Русија ја врши врз независна и суверена Украина и ѝ дава силната поддршка на земјата од почетокот на руската инвазија во февруари минатата година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и албанскиот премиер Еди Рама на маргините на вториот Самит на Европската политичка заедница во молдавскиот главен град Кишињев.

– Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која ѝ е потребна на Украина, истакна Ковачевски на средбата на која беше придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски потсети дека земјава е дел од основачката група за формирање на Посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата, со што и овој пат јасно се позициониравме на вистинската страна на историјата.

Премиерот посочил дека Украина е меѓу приоритетите на нашето претседавање со ОБСЕ, нагласувајќи дека земјава ја подржува евроатлантската интеграција на земајта и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО.

Во владиното соопштение се додава дека претседателот на Украина, Зеленски се заблагодарил за поддршката што украинскиот народ ја добива од земјава, која доаѓа во клучни моменти.

– Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа, истакна Зеленски.

МИА/Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државните ревизори откриваат дека ВМРО-ДПМНЕ на рати отплаќа милионски долгови

Редакција

По „успехот“ на системот со Мијалков: Добро утро Македонци, се напивте ли чаша нафта за доручек?

Редакција

Следува период на променливо време со сончеви периоди и пораст на дневните температури

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница