еМагазин
Спорт ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Легендарниот Коби Брајант и ќерка му загинаа во хеликоптерска несреќа

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и поранешна НБА ѕвезда, Коби Брајант (41), го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

Брајант и уште осум лица загинаа по пад на хеликоптерот во околината на Лос Анџелес.

Во несреќата животот го загуби и 13 годишната ќерка на Коби, Џана Марија Оноре Брајант.

Брајант и сопатниците патувале на младински кошаркарски турнир.

Неофицијално, американските медиуми објавија дека причина за несреќата била намалена видливост и магла со превисока влажност на воздухот, а по ударот се случил силен пожар.

Бројни кошаркари, спортисти и политичари од целиот свет му оддаваат почит на Брајант преку социјалните мрежи, изразувајќи сочувство до неговите најблиски.

Видео: KTLA5/фото: abc7.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре започнува Саем на мебел и ќе трае до 24. март

Редакција

(Фото) Нови MINI автомобили: Подгответе се за нови, возбудливи, урбани приказни

Редакција

(Видео) МВР пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана, запленети 40 килограми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница