еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Маскирани членови на Златна зора упадна на изложбата на македонскиот уметник Андреевски во Солун

Маскирани членови на ултрадесничарска грчка партија Златна зора вчера упадна на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во уметничката галерија Ремецо, во Каламариа, Солун, пренесе националната грчка телевизија ЕРТ.

Тие вербално го малтретирале Андреевски, ги „симнале“ делата на познатиот македонски уметник и му рекле дека нема право да ги презентира тука своите дела, пренесува ЕРТ.

„Имаш право да кажеш дека си Словен и ништо друго“, извикувале тие.

Откако ги симнале делата на уметникот го „запечатиле“ просторот со црвена лента и залепиле налепници со симболот на организацијата, тврдејќи дека Андреевски не треба да биде во овој изложбен простор, пренесува телевизијата.

Самостојната изложба на сликарот Сергеј Андреевски беше отворена на 21 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За инцидентот со македонскиот уметник Андреевски во Солун, МНР ги алармираше грчките власти, а грчката амбасадорка е повикана на разговор

Фото/видео: ЕРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „гори“ за можните рестрикции: „Шумска полиција наместо дрвокрадци ќе лови планинари без маски?“

Редакција

Од Ковид-19 изгубивме луѓе колку еден мал град, ние се однесуваме како да е се нормално, а ништо не е

Силвана Жежова

Судскиот совет ќе изврши увид врз пресудата со која Пајазити доби две години затвор за прегазувањето на Теодора

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница