еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) МВР откри „шума“ со марихуана во Демир Капија: Стебла високи до 4 метри

На 28.09.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес во местото Јаворица, Демир Капија пронајдоа насад со 65 стебла канабис со висина од 2,5 до четири метри и  на лице место приведоа две лица С.С. (33) и А.С. (56) од Демир Капија поради соменние за недозволено производство и продажба на марихуана, информира МВР.

„На лице место се пронајдени и цевки за наводнување, како и друга опрема за обезбедување и заштита на насадот. Извршени се и претреси на две локации во околината на Неготино, при што се пронајдени два карабина и една ловна пушка, како и поголема количина цветови од канабис подготвена за сушење и продажба.

Денеска против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 до Основното јавно обвинителство- Неготино“, соопшти МВР.

Од Министерството за внатрешни работи потенцираат дека продолжуваат со интензивни акции со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и другите видови криминал.

Фото/Видео:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Илјадници луѓе би можеле да умрат, болниците во Газа остануваат без гориво, предупредува ОН

Редакција

Сведокот Трајковски и денеска не се појави на судењето за убиството на Вања и Панче

Редакција

(Видео) Нов хит на ДНК со Мишел Трајковски и Бока Конга, „Чаршија“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница