еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Најголем дел се студенти: Расте бројот на загинати во железничката несреќа во Грција

Најмалку 36 лица го загубија животот, а 66 лица со повреди се хоспитализирани во грчките болници по синоќешниот судир на патнички и товарен воз кај месноста Темпи во близина на грчкиот град Лариса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Најмалку 32 загинати во судир на товарен и патнички воз во Грција

Грчките медиуми објавија дека меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома во студентските кампуси.

Според официјалните информации од портпаролот на Противпожарната служба на Грција, Василиос Ватракојанис операцијата за пронаоѓање на исчезнати е во тек и акцијата е фокусирана на првите три вагони.

Со помош на специјални кранови се отстрануваат делови од возот за да се создадат услови за целосен пристап во вагоните.

Интервенираат 150 пожарникари со 17 возила, четири кранови, а на располагање се 30 возила на брзата помош.

Според грчките медиуми, меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома или во студентските кампуси.

Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз. Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.

Првиот вагон веројатно е целосно изгорен, а биле извлечени и јагленосани тела.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за една од поголемите, ако не и најголемата железничка несреќа во Грција.

МИА/Фото/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници, најави Бектеши

Редакција

Во болницата во Штип од Ковид-19 почина една пациентка, на кислородна поддршка се 28 лица

Редакција

Бегалецот Артан Груби за брзо време ќе биде уапсен?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница