еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) На руска телевизија прикажаа за колку секунди балистичката ракета „сатана 2„ може да стигне до Лондон, Париз и Берлин

На руската телевизија Русија 1, водителката Олга Скабеева и Алексеј Журавлев, преставник на Думата, прикажаа графички колку секунди ѝ се потребни на интерконтиненталната балистичка ракета “сармат“ да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција, земји кои испорачуваат оружје на Украина, пренесуваат светските агенции.

„Сармат„ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета, која се очекува Русија секоја да ја опреми со десет или повеќе боеви глави. Русија неодамна успешно тестираше ракета која во круговите на НАТО го носи озлогласениот прекар „сатана 2“ или „сатански син“.

„Еден сармат и толку – Британските острови постоеја, Британските острови повеќе не постојат. Сериозен сум“, кажа Журавлев.

Пратеникот од Думата, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија предупреди дека и Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата „сармат„, „никој нема да преживее, никој нема да остане на планетата“.

„Никогаш не кажувај никогаш“, одговори Журавлев.

Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Чаир 54, во Сарај 39, во Гази Баба 34: Во кои скопски општини има најмногу активни случаи на Ковид-19

Редакција

Перпетуумобиле секјурити е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година

Редакција

Ваучери за студентите од 250 евра за телефон, компјутер или таблет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница