еМагазин
Техно ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) НАСА го лансираше најмоќниот сателит во историјата

НАСА денеска го лансира телескопот Џејмс Веб.

Инструментот тежок 6.350 килограми по 26 минути лет успешно беше пратен во Вселената од ракета.

Телескопот Веб за еден месец треба да стигне до крајната дестинација во соларната орбита на околу 1,6 милион километри од Земјата односно приближно четирипати подалеку од Месечината.

Телескопот го носи името на вработен во НАСА во 60-тите години од минатиот век.

Веб главно ќе го набљудува Универзумот во инфрацрвениот спектар, што ќе му овозможи да навлезе во облаците од гас и прашина каде што се раѓаат ѕвездите, додека Хабл дејствувал првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини. Веб е приближно стопати почувствителен од Хабл.

Проектот чини 11 милијарди долари иако според првичните проценки беа една милијарда долари.

Веб ќе се наоѓа на голема оддалеченост од Земјата со што е оневозможено да се испрати мисија при евентуален дефект, како што беше случајот со Хабл.

МИА/Фото/видео: НАСА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството изврши претрес во ДИК и ја одзеде тендерска документација за софтверот кој беше хакиран

Редакција

„Алкалоид“ со значителен пораст на добивката и 218 нови вработувања во 2019 година

Редакција

Топ 10 најтргувани акции на Македонската берза во ноември

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница