еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Нефи Усеини со пцости и навреди кон новинарката на Телма

Охридскиот бизнисмен и советник во Општина Охрид, Нефи Усеини упати пцости и навреди кон новинарката на Телма, Емилија Мисирлиевски, објави телевизијата.

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е.. си мајката, п… ти м….. Немој повеќе да ми ѕвониш, што ти треба да си барате во Општина. Ова да ти е последно што ѕвониш“, изјави Усеини во телефонскиот разговор со новинарката, која го праша дали има конфликт на интереси тоа што неговата фирма добива тендери од локални јавни претпријатија, а тој е советник во Општината.

Фирмата Нефи ИК, каде Нефи Усеини е сопственик, а неговата сопруга, управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија, објави телевизијата.

Според Усеини немало судир на интереси затоа што вели управител на фирмата е неговата сопруга, а тој како советник не носи одлуки за тендерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нефи Усеини и неговиот брат Ибро добија ослободителна пресуда за нападот на Спиро Топаловски

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски му пишал на Ердоган за екстрадицијата на Палевски

Редакција

Владата го менува Законот за матична евиденција: Ќе им се признава родовиот идентитет на трансродовите лица

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница