еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ВИДЕО) Пациентка со Ковид-19 снимена како излегува од прозорец во болницата во Гостивар

Пациентка со Ковид-19 е снимена како излегува од прозорецот на болницата во Гостивар, а видеото заврши на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за пациентката која преку прозорец избега од гостиварското Инфективно одделение

Главниот инфектолог во гостиварската болница, доктор Ратко Наумовски, за „Слободен печат“ вели дека таа не избегала од болницата, туку дека лекарите постојано мака мачеле да ја смират за да остане во собата.

Пациентката е испишана од болницата.

 -Пациентката не избега, туку си излегуваше од прозорецот постојано. Порано имавме решетки, сега нема решетки откако го реновиравме инфективното одделение.

Вчера ја испишав од болницата, бидејќи видов на Фејсбук дека ја снимил некој како излегува од болницата. Не можам да седам и да ја вардам, ниту сестрите можат ниту ние лекарите. Излегуваше низ ходник.

Ако ја потсетев, пак ќе влезеше в соба, после пет минути кога не сум тука, пак излегуваше. Ковид позитивна беше. Нејзиното лекување заврши и јас ја испишав од болницата. Не правиме веќе тестови дали е позитивна или негативна.

Откако ја испишав од болницата, во бурекџилница во град влегла, вели тој меѓудругото за „Слободен печат“

Видеото кое го објави телевизијата Globi, ОВДЕ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На повреден во пожарот во Кочани му е извршена трансплантација на лице

Редакција

Минатата недела од Ковид-19 починале 9 лица

Редакција

(Фото) Блерим Река слави 40 години брак

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница