Од нуркачкиот клуб „Афмора“ од Охрид објавија видео во кое се гледат мрежи за време на местрењето на позната охридска пастрмка.
“Охридската пастрмка претставува симбол на Охрид, се поистоветува со староста на езерото односно постои од неговото настанување. Кога се мрести таа мигрира во поплитки води, за чие време има строга забрана за нејзино ловење.
Интересно е што во рок од еден или два дена некои мрестови се комплетно напуштени. За жал за време на нашите подводни активности ја сретнуваме се помалку и помалку“, велат од клубот на Фејсбук.
Фото/видео: „Афмора“/Jovan Sekuloski