еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Пентагон потврди автентичност на снимки од НЛО

Министерството за одбрана на САД потврди дека протечените фотографии и видеа од „неидентификувани летечки објекти“, направени во 2019 година, се веродостојни и автентични снимки.

„Фотографиите и видеата на објектите во форма на триаголник како треперат и се движат низ облаците ги снимил персоналот на Морнарицата“, изјави за Си-Ен-Ен гласноговорничката на Пентагон, Сју Гоф.

Истрагата е почната, но повеќе информации нема да бидат дадени од безбедносни причини, како што соопшти Пентагон.

„Последниве години, имаше голем број известувања за неовластени и/или неидентификувани летечки објекти, влегувања во разни военоконтролирани полигони и назначен воздушен простор“, соопшти морнарицата во 2019 година.

Пентагон лани објави три видеа на коишто се гледаат НЛО-а, а американската Морнарица потврди дека видеата се вистински.

МИА/Видео/Фото: Youtube/Today/US Departmant of state

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На грчките острови ќе се патува со грчки „Green Pass“

Редакција

Студија: Петпати поголема веројатност да се заразите од оние кои прележале Ковид-19

Редакција

Владата да интервенира и за долговите на јавните претпријатија кон останатите снабдувачи со струја, велат од Енерџи Деливери Солушнс

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница