еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Песната „Заветна“ стана неофицијална химна на Македонците

„Негде ќе те премолчат/негде ќе те сокријат/гроб со гроба ќе покријат/Само ти си бесмртна, жива вода подземна/Кај што тонеш ти извираш…“

Деновиве многу често ги слушаме овие стихови на песната „Заветна“, кои ги напиша Георги Барбаровски, а неговиот брат Миле Барбаровски е автор на музиката на оваа патриотска песна, која прв пред 31 година ја отпеа Пепи Бафтировски, пишува Нова Македонија.

„Заветна“, освен оригиналната верзија, има и многу други, а една од најубавите ја снимија Андријана Јаневска и Игор Дурловски во 2019 година, по повод одбележувањето на Денот на независноста, 8 Септември.

– Искрено кога деновиве на протестите ги слушнав како ја пеат се наежив, особено кога слушнав како илјадници луѓе ги пеат со нив моите зборови. Тоа за мене како автор е голема чест.

Ме прашаа луѓето што ги сретнав таму, дали јас сѐ уште верувам во моите стихови посветени на Македонија: „Само ти си бесмртна/жива вода подземна/Кај што тонеш ти извираш“, алудирајќи на она што ќе ни го донесе иднината? Јас одговорив дека верувам во секој збор, само таа вода треба да се чува чиста и незаматена, вели Барбаровски за Нова Македонија.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација

Редакција

Убава вест: Оздравени 46 пациенти, вкупно до сега 1.803

Редакција

Член на Десна сведочеше дека за време на убиството на Вања се допишувал со Палевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница