еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) 48 часа по промоцијата, вандализиран виртуелниот споменик на Григор Прличев во Охрид

Виртуелниот паметен споменик на Григор Прличев во Охрид со кој можеше да се комуницира и кој беше промовиран во средата е вандализиран. Непознати сторители се обиделе да му го извадат главниот компјутер, а пресечени биле и жиците за довод на струја.

„Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, паметниот споменик на виртуелниот Прличев, кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција.

Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите.

Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство.

Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со Општина Охрид на негово рестартирање, како и со безбедносните служби за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот“, напиша авторот на споменикот, проф. д-р Анис Сефиданис на Фејсбук.

Фото: Општина Охрид/видео: Фејсбук/Сефиданис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Растат цените на становите во Центар, благ пад на станбениот квадрат во Аеродром и Карпош

Редакција

Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија

Редакција

(Фото) Моделот Андреј Пајмакоски склучи ексклузивен договор со престижната ЕЛИТ агенција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница