Популарната група „Ареа“ имаат нова песна – „Зрак“ за која снимија и видео.
„Поминааа 5 години од пуштањето во етер на нашата последна песна „Запознај ме“. Новата песна се вика „Зрак“ и е снимана и миксана во нашето студио „Студио Клиника“ и треба да биде дел од албумот кој Ареа ќе го издаде во иднина“, соопштуваат од групата.
Музиката и аранжманот се на Ивица Брчиоски, текстот е на Ружица Милошеска Брчиоска, а одсвирена е од членовите на Ареа.
Режисер на спотот е Кристијан Шемко-Pyramid Production, а девојката во спотот е Ања Поповиќ – актерка и професионална танчерка од Скопје.