еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Победа над Ковид-19 во Нов Зеланд: Одржан концерт со 50.000 посетители без маски и дистанца

Повеќе од 50.000 посетители се собраа на стадионот „Идн Парк“ во Нов Зеланд за викендов да го проследат настапот на домашниот бенд „Six60“.

На концертот немаше социјално дистанцирање и не се носеа маски, со што оваа земја стана првата во светот во која се одржува концерт од вакви размери откако почна пандемијата од Ковид-19.

Со тоа Нов Зеланд веќе прогласи победа на вирусот, а најзаслужни за неа се власта и граѓаните кои со ригорозна дисциплина успеаа да го исфрлат вирусот.

Имено, станува збор за земја со околу пет милиони жители, а досега од Ковид-19 починаа 26 лица.

Фото/Видео:Facebok/Six60/Youtube/Videokings

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓани во редици чекаат да се потпишат во книгата на жалост во Кочани: “Како само за нас Македонците да се создадени сите црнила на овој век“

Редакција

Двајца повредени од пожарот во Кочани во критична состојба, бројот на загинати се зголеми на 62

Редакција

(Галерија) Со бесплатно скијање започнува скијачката сезона на Попова Шапка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница