еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Почина пејачот Масимо Савиќ

На 60 годишна возраст почина познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нѐ напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш. Ани и Мирна“, објавија неговата сопруга и ќерка на неговата официјална страница.

Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а средното образование го завршил во Загреб, каде што ја започнал својата музичка кариера.

Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.

Ќе го паметиме по бројните хитови, меѓу кои и „Странац у ночи“.

Фото: Фејсбук/Савиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови за случајот „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета Канческа Милевска

Редакција

Клучни информации за дел од досегашните вакцини против Ковид-19: Колку се ефикасни и колку ќе чинат

Редакција

Попладне, делумно намалување на маглата поради ветер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница